Прилеп подготвен за Мото Фестивалот „Рисови 2025“
Денес, 30 август ќе биде во знакот на моторите и добрата музика. На плоштадот „Александрија“ ќе се одржи Мото Фестивалот „Рисови 2025“, настан кој се очекува да привлече голем број љубители на мото културата од целата држава и регионот.
Според програмата, свеченото отворање и пречекот на гостите ќе започнат во 15 часот.
Програма – на настанот ќе настапат.
Dj Bigo15:30h (Maкедонија)
Мото дефиле – 18:30h
Настанот ќе биде збогатен со неверојатни музички настапи на:
No cigarettes 19:00h (Maкедонија)
Stringsi 21:00h (Босна и Херцеговина)
The solution 23:00h (Maкедонија)
Организаторите најавуваат дека фестивалот ќе донесе единствена комбинација на адреналин, енергија и музички настапи, со што Прилеп ќе се претвори во центар на моторџиите и добрата забава.



