Независна кандидатура за прв човек на Битола – Габриела Илиевска во трка против партиските кандидати
Претседателката на Советот на Општина Битола и претставничка на граѓанската иницијатива „Поинаку“, Габриела Илиевска, денеска објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Битола како независна кандидатка..
Во своето обраќање, таа ги повика сите битолчани – без оглед на партиска припадност или изборни навики – да ѝ дадат поддршка.
„После сите шпекулации и приказни, време е да расчистиме. Ве повикувам сите кои сакате поубава, почиста, непартиска и независна Битола, да ми се приклучите и да застанете против три децении запоставување на градот“, порача таа.
Со овој чекор, Илиевска ја официјализира својата намера да влезе во трката за прв човек на градот како независна кандидатка, потпирајќи се на поддршката од граѓаните и граѓанските иницијативи.


