| |

(видео) The Hounds – 17 години Рок во срцето на чаршијата – Заслужено и тоа како!

Концертот за 17-тиот роденден на The Hounds, пред Клуб „Калинка“, ја претвори старата чаршија во голема рокенрол сцена. Уличките во беа преполни, публиката пееше во еден глас, а енергијата се чувствуваше до секој агол.

Неколку часа по настапот, фронтменот и басист Златко напиша на Фејсбук:

Сеуште не можам да објаснам и опишам што чувствувам, рано е. Реално не ми е ни целосно јасно како и дали го заслужуваме ова… Ама, благодарен сум до небо. Ја цениме и чувствуваме љубовта. Благодариме Македонијо

Заслужувате, и тоа многу повеќе!

Со 17 години музика зад себе, The Hounds уште еднаш докажаа дека најдобро свират кога се дома – меѓу своите луѓе и уличите на кои ја знаат секоја пукнатина на почките.

Слични Објави