|

ВЕЧЕР НА УНГАРСКИ ТАНЦИ ПРЕД НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“ – ПРИЛЕП

Прилеп ќе биде домаќин на веќе традиционалниот културен настан – „Вечер на унгарски танци“, што ќе се одржи на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“, во понеделник, 5 август 2025 година, со почеток во 20:00 часот.

Овој концерт носи дел од богатото културно наследство на Унгарија директно во срцето на Прилеп. Публиката ќе има можност да ужива во убавите унгарски фолклорни танци, изведени од танчари во автентични носии. Ќе се претстават кореографии од различни региони на Унгарија, меѓу кои и познатите чардаш и вербункош, придружени со музика во живо.

Настанот е дел од програмата за културна соработка меѓу Македонија и Унгарија, со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје и Општина Прилеп. Целта е преку уметноста да се зајакне пријателството меѓу двата народа и да се сподели фолклорното богатство со пошироката публика.

Слични Објави