ЦУК: Активни два пожари, изгаснати 18
Од Центарот за управување со кризи информираат дека состојба со пожари на отворен простор – 16.07.2025 до 08:00 часот, вкупно се евидентирани 21 пожари.
Од 21 пожар, активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 18.
Активни пожари има во Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана шума); и во Општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с.Крапа и с.Слатина (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Под контрола е ставен пожарот во Општина Дојран: с.Николич (нискостеблеста шума).


