|

АХВ со засилени контроли на увозот на храна

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го зголемува интензитетот на инспекциските контроли на увозот на овошје, зеленчук и пијалаци со цел поголема безбедност на храната и заштита на здравјето на граѓаните.

Секоја пратка со свежо овошје и зеленчук што влегува во земјава ќе биде предмет на лабораториска анализа за присуство на остатоци од пестициди, при што производите нема да се пуштаат во промет сè додека не се добијат резултати кои ja потврдуваат нивната безбедност.

За секоја наредна пратка од овие категории ќе се вршат редовни анализи во согласност со микробиолошките критериуми за безбедност на храната. Од АХВ уверуваат дека контролите ќе бидат строго спроведувани за да се гарантира дека на македонскиот пазар стигнуваат само безбедни производи.

Слични Објави