Бавна дигитализација, недоволна промоција и слаба искористеност на Е-услугите
Во извештајот кој го објави Државниот завод за ревизија – ДЗР за ревизија на информациски системи на тема „Ефективноста на националниот портал за е-услуги“, со цел да даде одговор на прашањето „Дали со дигитализација на услугите, за граѓаните ќе се обезбедат поефикасни, целосни, квалитетни и електронски услуги со пониски цени?“ Стои:
- Бавна дигитализација, недоволна промоција и слаба искористеност на е-услугите, по ревизијата на тема ефикасност на Националниот портал за е-услуги.
- 140 закони, заедно со Законот за општа управна постапка сеуште не се усогласени со пакетот закони за дигитализација. Дополнително, тие нотираат дека на порталот се поднесени 0.556 поднесени барања по регистриран корисник и издадени 9.568 електронски документи со истечени сертификати.
- Владата, Министерството за информатичко општество, институциите и органите на државната управа, од ДЗР велат дека делумно се посветени кон активностите за дигитална трансформација и овозможување на електронски услуги за граѓаните.
„Процесот на дигитализацијата на услугите е бавен, влијае врз квалитетот и достапноста на електронските услуги, а искористеноста на националниот портал за е-услуги од страна на граѓаните е на ниско ниво“, се посочува во извештајот на ДЗР.
- Не е воспоставен доволен мониторинг во делот на усогласување на матичната легислатива со законската легислатива за дигитализација, што, како што велат, претставува административна бариера за граѓаните.
- Отсуството на активности и конкретни резултати, овозможило делумна усогласеност на законите, јавните институции да не ги дигитализираат процесите и услугите, а граѓаните и понатаму да ги користат услугите преку шалтер.
Линк до Конечен ревизорски извештај: Бавна дигитализација, недоволна промоција и слаба искористеност на Е-услугите