(видео) Отворени муабети: Мирјана Стеваноска (ЗНАМ) – Советничка во советот на Општина Прилеп
Во емисијата „Отворени муабети“ на ОТВ гостуваше советничката од Движењето ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска. Разговорот беше посветен на работата и динамиката на новиот советнички состав, како и на нејзината оценка за досегашниот почеток на работењето на Советот.
Зборуваме и за ребалансот на општинскиот буџет, при што беа посочени приоритетите и насоките во кои ќе се движат средствата во наредниот период.
Во делот на јавноста и транспарентноста беше потенцирано значењето на преносот на седниците на Советот преку каналот на Општина Прилеп, како важен чекор кон поголема информираност на граѓаните.
Jа отворивме и темата, декември како месец посветен на борбата против насилството врз жените, со осврт на локалните мерки за поддршка и превенција.



