МИНИСТЕРСТВОТО ВЕЛИ НЕ МОЖЕ ПОЛОШО, ГРАЃАНИТЕ НА НОВАЦИ НЕ ВЕРУВААТ ВО СИСТЕМОТ
Тензична атмосфера на јавната расправа во Општина Новаци, за регионалниот центар за управување со отпад. Оваа депонија треба да се гради во близина на РЕК Битола, за 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион.
Експерти и претставиници од Министерството за животна средина го презентираа проектот, а граѓаните кои присуствуваа бурно реагираа со недоверба кон институциите: Секојдневно гледаме хаварисани камиони за смет од кои тече ѓубре, а што ќе се случи кога уште стотици други камиони ќе почнат да го носат сметот? – изјави граѓанин.
Градоначачникот на Општина Новаци Стевановски изјави дека решение мора да се бара, затоа што сме единствената држава во европа без современ центар за управување со одпад.
Странските експерти кои го презентираа проектот рекоја дека целта е сиутацијата да се подобри, а од моменталната не може да биде полошо.