|

Георгиевски освои сребро за Македонија

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски имаше одличен почеток на новата сезона, откако освои сребрен медал на еден од најсилните турнири во светот, Турција Опен Г2.

Дејан обезбеди значителни поени за олимписка норма со три победи над ререзентативци на Турција, Узбекистан и полуфинале против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади репрезентативец на Азербејџан.

Во финалето тесен пораз од репрезентативецот на Узбекистан Мавловов Марат со 2:1.

Турција ОПЕН Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир значи за еден од најсилните во Светот.

Дејан е само втор олимписки освојувач на медал од Македонија од самостојноста, сребро во Токио 2020 година, после борачот Могамед Ибрагимов, кој освои бронзен медал на оломпијадата во Сиднеј во 2000 година. Дејан е пример кој служи за поттик на сите останати македонски спортисти.

Слични Објави