(ГАЛЕРИЈА) СИТЕ ПРЕКРАСНИ НЕШТА – НАРОДЕН ТЕАТАР – ШТИП
Синоќа на 59.МТФ со „Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ настапи Народниот театар од Штип.
Приказна која ни раскажува за љубовта и загубата на најблиските луѓе која го отвора прашањето за нарушено здравје, но истовремено зборува за надежта што го води човечкиот живот секогаш напред.
Играат; Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Стефанија Митовска, Милорад Ангелов, Марија Минчева-Андонов, Даријан Петров, Анѓелка Нашкова и Ава Хусеини
Јована Гркова – пијано и Максим Нисев – виолончело. Сценографија – Васил Ристов, костими – Моника Гачева, избор на музика на Нела Витошевиќ.
Драматизацијата на текстот е на Ана Ристоска





















