Општина Прилеп започнува со реконструкцијата на водоводната мрежа во населба Карабдалица!
Започната е реализацијата на еден од трите капитални проекти со кои се аплицираше на јавниот повик од Владата – реконструкција на водоводната мрежа во населба Карабдалица во центарот на градот.
Ќе се заменат 1.240 метри водоводна мрежа,ќе се постават 124 приклучоци,ќе се изградат 7 хидранти за поголема пристапност.
За подобрен проток, профилите на цевките ќе се зголемат од DN 50 на DN 90!
Со оваа инвестиција значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата, зголемувајќи ја сигурноста и квалитетот на водата за сите жители.



