| |

„ЗЛАТНИОТ АНТИЧКИ НАОД ОД ТРЕМНИК НЕГОТИНО“ (видео)

Синоќа, како дел од програмата за одбележување на 11 Октомври, во Лапидариумот при Музеј Прилеп, беше отворена изложбата на фотографии „Златниот антични наод од с.Тремник Неготино“. Фотографии направени од археолошки пронајдоци во Неготиското село Тремник во Август 2008 година. Ова богатство е во сопстеност на Музејот на град Неготино и моментално се наоѓа во Музејот во Скопје. Станува збор 22 каратно злато од 3 век пне. 

Изложбата ја отвори директорката на Завод и Музеј Прилеп Мимоза Христоска, која се заблагодари на Музејот од Неготино за можноста и  прилепчани да ја видат оваа излпжба.

Презентер на изложбата беше Драгица Чагоровска- Етнолог, кустос-советник во Музејот на град Неготино, која покрај значењето на ова културно наследство, раскажа и како во антиката се пронаоѓало и обработувало златото.

За прв пат во времето на Филип II златните монети се користат како платежно средство. Пред се на војската. За една 5 месечна сезона, 13 војници, преведено во денешна валута чинеле околу 780 000 евра.

Слични Објави