„Меѓународен ден на демократијата – ние уште ја бараме на Google Maps“
Денес светот слави демократија – а ние во Македонија славиме 34 години обид да ја разбереме.
Се покажа дека демократијата и Македонија се како лоша брачна врска: заедно сме, ама секој си води своја агенда…. или како врска на далечина.
Изборите (за месец се следните) ни се како народни забави – многу музика, малку содржина. Слободата на говор ни е голема, ама уште поголема е цената за да бидеш слушнат.
Сепак, денот е за потсетување дека демократија не е подарок од државата – туку работа на секој од нас. Додека не ја научиме лекцијата, ќе ни остане барем денот да се пошегуваме со неа.
Среќен Меѓународен ден на демократијата!
Милан Секулоски



