Запален автомобил на познат бизнисмен од Битола, огнот зафатил уште две возила
Три патнички возила целосно изгореа во пожар што избувнал ноќеска, 20 минути по полноќ, на паркинг пред колективна зграда на улицата Леринска во Битола.
Пожарот започнал во возило од марката „Тојота РАВ“ со битолски регистерски таблички, а потоа огнот се проширил и зафатил уште две возила. Сите три возила биле сопственост на приватни фирми. Од страна на непознат сторител на паркингот била фрлена запаллива течност, при што настанал пожар кој ги зафатил трите возила .
На местото на настанот веднаш интервенирала противпожарната служба и успеала да го спречи понатамошното проширување на огнот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Според неофицијални информации, едно од опожарените возила го користел бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник.


