За Водици 130 Прилепчани ќе скокнат по Крстот во базенот кај „Салида“

На празникот Богојавление – Водици, во недела, 19 јануари, во Прилеп ќе се одржи традиционалниот чин на фрлање на крстот. Околу 130 учесници ќе скокнат во водите на базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“ со желба први да го фатат крстот, што се смета за голема чест и благослов.

Настанот започнува во 12:00 часот, а сите учесници се замолуваат да пристигнат на локацијата до 11:00 часот, носејќи документ за лична идентификација. Покрај централниот настан во Прилеп, Богојавленскиот водосвет и фрлањето на крстот ќе се одржат и во 19 други населени места во општина Прилеп, во соработка со Прилепското архиерејско намесништво.

Во соработка со Прилепското архиерејско намесништво освен во Прилеп, Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот ќе биде извршен во уште 19 други населени места на територијата на општина Прилеп.

Слични Објави