Втора награда за филмот „Првото прилепско кино на семејството Напески“ на Љубчо Ристески
Документарниот филм „Првото прилепско кино на семејството Напески“, во режија на прилепчанецот Љубчо Ристески, ја освои втората награда на Меѓународниот фестивал на аматерски историски филмови, кој од 26 до 28 јуни се одржа во Шумен, Бугарија.
Фестивалот беше организиран од Општина Шумен, Народното читалиште „Добри Војников – 1856“ и Киноклубот „Мадарски коњаник“, под покровителство на Министерството за култура на Република Бугарија.
Филмот ја обработува историјата на првото кино во Прилеп и улогата на семејството Напески во развојот на кино-културата во градот, прикажувајќи значаен дел од локалното културно наследство.
На фестивалот учествуваа бројни автори од повеќе земји со аматерски историски и документарни филмови посветени на значајни личности, настани и културно наследство. Освоената втора награда претставува меѓународно признание за прилепската документаристика и за афирмацијата на локалната историја преку филмската уметност.


