„Малата Сирена“ ќе плива и на Д.А.Ф. во Кочани
Пред две недели танцовото студио „Зодијак“ од Прилеп ја изведе својата детска театарска претстава „Малата сирена“ во режија на Кире Миладиноски – претстава што остави полна сала, многу насмевки и бурни аплаузи. Публиката, децата и родителите заедно уживаа во музичко-сценскиот спектакл, а убавите критики и коментари сè уште пристигнуваат.
Квалитетот на претставата доби и официјална потврда – „Малата сирена“ е селектирана за официјалната програма на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани. Селекцијата за фестивалот, претставува чест и признание за трудот на целиот тим, но и мотив за уште поголема посветеност во создавањето магични моменти за најмладите.


