|

ВТОР ДЕН ПРИЛЕПЧАНИ НА ПЛАДНЕ ПАЛЕА СВЕЌИ И СЕ ПОТПИШУВАА ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ

Денес, втор ден по ред, кај Параклисот Св.Никола во Прилеп. граѓани палеа свеќи и се пишуваа пораки во книгата на жалост. Во помал број за разлика од вчера, но веќе стотици пораки се упатени и „кон небото“ и кон институциите.

  • Никогаш да не се повтори. Нека почиваат во мир
  • Се додека на секој не тргне од самиот себе и дека треба да направиме барем мала жртва за општото добро, вакви работи ќе ни се повторуваат.
  • Летајте високо англеи
  • Корумпираниот систем ни ги изгоре децата
  • Долги години молчење, секогаш водат до 1 минута молчење
  • Колку животи чини техничкиот прием?

Се само дел од пораките кои што граѓаните ги напишаа.

Слични Објави