ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА
ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ПРИЛЕП ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ГРАД КРУШЕВО ДЕКА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО КРУШЕВО Е БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА
При редовна контрола на квалитетот и безбедноста на водата за пиење во градскиот водовод на Крушево, од страна на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп е констатирано отсуство на резидуален хлор во водата како и бактериолошка неисправност односно наод на бактерии од цревно потекло заради што на ден 23.07.2026 год. се известени надлежните институции во државата како и надлежните во ЈКП Комуна -Крушево.
На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, додека водата од Градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути.
Препораките важат се до добивање на 3 (три) последователни исправни примероци од водата. ЦЈЗ Прилеп ќе биде во постојана комуникација со надлежните институции и ќе ги информира жителите на град Крушево.
Исто така ЦЈЗ- Прилеп ги информира жителите на Крушево дека при испитувањето на крајпатните чешми Бензиска пумпа и Св. Петка, земени на 20.07.2026 год. е констатирана бактериолошка неисправност и истите не смеат да се користат како вода за пиење.
Центар за јавно здравје -Прилеп
Датум
23.07.2026 год.


