Спомен-вечер по повод 100 години од упокојувањето на Крсте Петков Мисирков

Прилепското здружение на Македонците од егејскиот дел на Македонија и нивните потомци организира Спомен-вечер по повод 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Петков Мисирков (1926–2026), со цел достоинствено да се одбележи јубилејот и да се оддаде почит на една од најзначајните личности во македонската историја.

Настанот ќе се одржи на 26 јули 2026 година (недела), со почеток во 19:30 часот, во параклисот „Св. Злата Мегленска“ во Прилеп.

Спомен-вечерта е посветена на животот, делото и историското наследство на Крсте Петков Мисирков – истакнат македонски интелектуалец, филолог, публицист и национален деец, чиј придонес во афирмацијата на македонскиот јазик, култура и национална мисла претставува темелна вредност во современата македонска историја.

Организаторите истакнуваат дека одбележувањето на овој значаен јубилеј има за цел да ја потсети јавноста на трајното значење на делото на Мисирков и неговата визија за македонскиот национален и културен идентитет.

Прилепското здружение на Македонците од егејскиот дел на Македонија и нивните потомци упатува покана до медиумите да присуствуваат и да го проследат настанот, со што ќе придонесат ова значајно чествување да биде достапно до пошироката јавност и достоинствено да се одбележи векот од упокојувањето на Крсте Петков Мисирков.

Слични Објави