|

Во моментов, активни се четири шумски пожари, информира ЦУК

Претходно, под контрола се ставени два пожари — едниот во Општина Долнени, каде што гореше нискостеблеста шума, и вториот во Општина Желино кај селото Церово, каде што беше зафатена мешана шума.

Од вкупно 23 пожари кои избувнаа, 17 се целосно изгаснати. Меѓу нив е и големиот пожар во Општина Берово, на планината Готен кон Малешевските Планини, каде што изгореа површини со бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Сè уште активни се четири пожари:

  • Во Општина Чашка, над селото Богомила, каде гори мешана шума
  • Во Општина Липково, помеѓу селата Ваксинце и Слупчане, каде гори нискостеблеста шума
  • Во Општина Студеничани, каде пожарот беснее во планински предел
  • Во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде што гори деградирана нискостеблеста шума

ЦУК и натаму ја следи состојбата на терен и ги координира активностите со противпожарните единици и другите надлежни служби.

Слични Објави