(видео) Тин Феномен на концерт хуманитарен
Со убави емоции, полна сала и порака за надеж и солидарност, во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп успешно се одржа хуманитарниот концерт „Заедно за нов живот“, посветен на предвремено родените бебиња.
Настанот обедини голем број учесници – музичари, актери, ученици и хуманитарци, кои преку уметноста испратија силна порака за поддршка, љубов и заедништво. Публиката со громогласен аплауз ја награди секоја точка, а атмосферата беше исполнета со емоции, хуманост и надеж.
Средствата собрани од концертот се наменети за поддршка на предвремено родените бебиња, една од најранливите категории во општеството, за кои секоја помош значи нов чекор кон животот.
Екипата на OTV.мк, со Тин Феномен, беше присутна на настанот и ви ја доловува целокупната атмосфера преку видеорепортажа – од подготовките, настапите, емоциите на публиката, до пораките на организаторите.



