(видео) Тин Феномен на гости во „Урбано гнездо“
Дворот на Домот на млади во Кривогаштани синоќа се претвори во центар на креативност, музика и дружење. Таму се одржа „Бела Ноќ“ – настан чија цел е да внесе урбани забави во руралните заедници, создавајќи нови културни навики и можности за младите.
Она што го прави оваа „Бела Ноќ“ посебна е фактот што целосно беше создадена од нула – благодарение на волонтери „Урбано гнездо“ кои со многу ентузијазам и труд го подготвија просторот, ја осмислија програмата и го донесоа урбаниот дух во Кривогаштани.
Поддршка на иницијативата дадоа општествено одговорни компании и Општина Кривогаштани, кои препознаа дека младите заслужуваат вакви настани.
„Тин Феномен“ беше таму и направи репортажа, пренесувајќи ја атмосферата и позитивната енергија што го исполни дворот на Домот на млади.
„Бела Ноќ“ во Кривогаштани уште еднаш потврди дека кога младите се здружуваат, дури и малите места можат да станат сцена за големи културни приказни.



