|

Засекогаш во срцата: Концерт за Тоше и Кочани

Почитувани, Ве известуваме дека концертот „Засекогаш во срцата“, кој првично беше посветен на незаборавниот Тоше Проески, ќе се одржи на 05.04.2025 година (сабота), со почеток во 20:00 часот.

Со тага споделуваме дека овој концерт, покрај честта што ќе му ја оддадеме на Тоше, ќе биде и посвета за сите погодени од трагичниот настан што се случи во Кочани на 16.03.2025 година. Во знак на солидарност и сочувство, покрај безвременските песни на Тоше, концертот ќе вклучи и изведби на песни од ДНК. Покрај тоа, музичарите од Камерен оркестар на Битола и Центарот за култура Битола одлучија дел од средствата наменети за нив да ги донираат за помош на Кочани.

Билетите кои се веќе купени, се валидни.
За оние кои сакаат да купат билети, можат на
https://www.3dkinobitola.com/single/event/157
или на билетарницата секој работен ден после 15ч. 

Слични Објави