(видео)Емоции кои ќе траат и будат желба за уште
Сношти, во фоејето на НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп, се одржа 6. издание на „Љубење со стихови“, а за прв пат во организација на „ЗОКУМ“ и поддржано од Општина Прилеп.
Филип Димкоски и Лина Димоска, млади прилепски поети, вљубеници во убавиот збор, на прилепчани им подарија уште една вечер преполна со емоции. Поезија од целиот свет, авторска поезија на Лина и Филип, емотивни рецитации и сето тоа со преубава музичка придружба на клавијатури од Методија Костоски.
Публиката плачеше, се смееше, воздувнуваше и жедно го впиваше секој збор и секоја капка емоција од изведбите на двајцата поети и рецитатори.
„Љубење со стихиви“ не е обична поетска вечер, а цел поетски перформанс кој го тера времето да „лета“, а публиката на крај да се запраша „Зар веќе заврши?“. Настан кој љубителите на поезијата и рецитацијата ги тера со душа да го чекаат следното 7. издание.


