Центарот за дневен престој на стари лица наскоро ќе ги пречека првите корисници
Центар за дневен престој на стари лица подготвен за отворање
Во Прилеп завршуваат активностите за отворање на Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој наскоро ќе ги пречека своите први корисници.
Центарот е наменет за 48 лица над 65 години и претставува современо опремен простор каде повозрасните граѓани ќе можат секојдневно да добиваат поддршка, нега и да учествуваат во различни активности од областа на спортот, културата и социјализацијата.
Целта на проектот е создавање услови за активно и достоинствено стареење, како и подобрување на квалитетот на живот на постарите лица во заедницата.
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светската банка, во соработка со Центарот за развој и едукација од Прилеп.
Со отворањето на овој центар, Прилеп добива нова институција која ќе придонесе кон подобра социјална инклузија и поголема грижа за повозрасните граѓани.



