|

Со преставата „Маѓепсан круг„  против трговија со деца за принудени детски бракови

Во домот на културата „Марко Цепенков„ со преставата „Маѓепсан круг„  во изведба на „Слободно театарче„ од драмската секција при СОУ Ѓорче Петров„ – Прилеп  средношколците од Прилеп го кренаа гласот против трговијата со деца за принудени детски бракови.  

 Настанот се одржа по повод одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, а на него присуствуваа и преставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.  „ Активностите и резултатите од акцијата за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија на Европската Унија„ и Советот на Европа и помагаат на Владата да се усогласи со препораките утврдени во мониторинг извештаите за спроведувањето на Конвенцијата за дејствување против трговија со луѓе од Северна Македонија, подготвена од Групата експерти за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА). Во својот трет мониторинг извештај за Северна Македонија од 2023 година, ГРЕТА забележува дека повеќето деца идентификувани како потенцијални жртви на трговија со луѓе … биле деца од ромската заедница подложена на принудно питачење, принуден брак или сексуална експлоатација“-   при своето обрјаќање рече Олег СОЛДАТОВ,  шеф на програмската канцеларија на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје  

Преставата е дел од иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓеѓсаниот круг“ кој ја спроведуваа  локалниот медиум Радио Пела и влклучува  радио драмата и театарската претстава насловени „Маѓепсан круг“  кои содржат  четири приказни за борба против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе.

Во радио драмата и тетарската претстава играат : Исидора Попоска, Милана Здравеска, Марија Котева, Исидора Николоска, Марко Костадиноски, Марија Јовеска, Вања Младеновски, Матеа Стојчевска, Марија Стеваноска, Даниел Главчев, Михаил Тркалески, Тамара Димитриеска, Михаил Јорданоски, членови на аматерскиот младински театар „Слободно театарче„ СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.Автор на драмски текст и сценарио: Филип Стојаноски Режија и сценографија: Билјана Тинтоска

  Театарската претстава „Маѓепсаниот круг“ во организизација на Радио Пела е дел од поголема иницијатива за подигање на јавната свест за принудните детски бракови. А, театарската претстава ќе се одигра уште најмалку  неколку општини : во Битола, Крушево, Општина Кривогаштани и Општина Долнени.  Иницјативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг3 е дел од акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од Европската Иницијатива за соработка на Унијата/Советот на Европа „Хоризонтален објект III за Западен Балкан и Турција“.  

Слични Објави