Детска театарска претстава донесе празнична радост во Кривогаштани
Денес во мултифункционалната сала на Општина Кривогаштани се одржа детската театарска претстава „Новогодишна случка во волшебната шума“ во изведба на Театар Колозов. Настанот донесе празнична магија, радост и насмевки кај најмладите, а салата беше исполнета со смеа, аплаузи и новогодишен дух. Преку интересна приказна, живописни ликови и поучни пораки, децата уживаа во вистинско волшебно доживување….


