|

Спортска сала за 800 ученици во ООУ „Блаже Конески“

Во Основното училиште „Блаже Конески“ во Прилеп е во завршна фаза изградбата на новата спортска сала, со што учениците добиваат современ простор за изведување на наставата по физичко образование и спортски активности.

Со новиот објект се создадени подобри услови за над 800 ученици кои досега часовите ги изведуваа во ограничен простор.

„Нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, проект кој станува реалност и претставува значајна инвестиција во иднината на нашите деца и младите генерации. Со оваа инвестиција обезбедуваме современи и безбедни услови за спорт и физичко образование за над 800 ученици, кои ќе можат своите активности да ги реализираат во модерна и функционална спортска сала. Ова е влог во здравјето, развојот и тимскиот дух на нашите ученици. Како Општина Прилеп, продолжуваме со посветена работа на подобрување на образовната и спортската инфраструктура, затоа што нашите деца заслужуваат најдобри услови!“ -напиша Борче Јовчески градоначаник на општина Прилеп

Проектот е реализиран со поддршка на Општина Прилеп.

Слични Објави