Седум минути молк во Крушево – Младите изразија сочувство за загинатите врсници (ВИДЕО)

Вечерва, центарот на Крушево беше исполнет со тишина и солзи, кога стотина крушевчани се собраа да оддаваат почит за 59-те жртви, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Предводени од учениците и младите присутните со 7-минутен молк изразија сочувство за оваа голема загуба. Младите со свои пораки преку цртежи и пишан збор ги пренесоа своите чувства и жалењето за загинатите врсници.

Слични Објави