Младиот програмер Јоцката со изгореници од пожарот во Кочани, создава Платформа секој граѓанин да пријави неправилности
Јордан Ефтимов, еден од преживеаните во трагедијата што ја потресе Кочани, започна иницијатива која има за цел да ја подобри транспарентноста и одговорноста на локалните власти. Со изгореници на двете раце, Ефтимов го предводи тимот на програмери кои работат на онлајн решение што ќе дозволи секој граѓанин да пријави неправилности, а општината и инспекциските служби ќе бидат обврзани да одговорат на секоја пријава.

Овој проект, кој се нарекува “хакатон за правда”, има за цел да создаде директен канал преку кој граѓаните ќе можат да ги изразат своите жалби, а институциите ќе бидат транспарентни и ќе имаат законска обврска да ги решаваат пријавите. Преку ова решение, Ефтимов и неговиот тим се надеваат дека ќе ја зголемат одговорноста на јавните служби и ќе создадат поефикасни механизми за спречување на неправдата.
На Инстаграм профилот на @supportkocani се може да се види фотографија од тимот на доброволци кои работат непрекинато, додека Македонија го празнува најголемиот христијански празник, а Кочани го минува најтажниот Велигден во современата историја.
Идејата на Ефтимов не е само да ги стави јавните институции под поголем притисок, туку и да ги вклучи граѓаните во процесот на надзор и да ја зголеми свеста за важноста на транспарентноста во локалната самоуправа. Неговата успешност може да ги поттикне институциите да се вклучат во создавањето на поефективни и транспарентни јавни механизми.