Промоција на Прирачник за машко здравје ,,Фокусирај се на себе, за себе!” во вторник (04.06.2024) во 19:00 во Кино – Мис Стон
Здружението за унапредување на здравјето ,,ФИЛИП ЛУКАРОСКИ” – Прилеп ве поканува на промоција на Прирачникот за машко здравје ,,Фокусирај се на себе, за себе!” во вторник (04.06.2024) во 19:00 во Кино – Мис Стон.
ПИ,, Витаминка” кои како општествено одговорна компанија со нивното спонзорство овозможија Прирачникот за машко здравје ,, Фокусирај се на себе, за себе” да излезе од печат.
Промотор Татјана Стојаноска Иванова проф.на Филозофски факултет Скопје , др.по социолошки науки
Гостин др.Арменд Арслани спец.уролог , директор на Општа болница Струга.
Месецот на машкото здравје се одбележува секој јуни. Овој месец има за цел да ја подигне свеста за истите здравствени проблеми на Неделата на машкото здравје, но трае цел месец. Тој е различен од Movember, кој се одржува во ноември и се фокусира на менталното здравје на мажите, како и на ракот на простата. Во месец јуни, мажите се охрабруваат да си постават цели за сопственото здравје и благосостојба и да почнат да креираат патоказ за постигнување на тие цели.