Прилепскиот боречки клуб „7 ми Мај“ повторно го освои првото место – екипно во женска конкуренција
Во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип се одржа државното сениорско првенство на Македонија, на кое учествуваа 80 натпреварувачи од вкупно 25 клуба.
Со преку 100 пријавени сениори, прилепскиот боречки клуб „7 ми Мај“ повторно го освои првото место екипно во женска конкуренција. На првенството судии беа прилепчаните Илчо Марковски и Душко Стојаноски.
Државното првенство за сениори е првиот дел од делот за обезбедување репрезентативен статус за Европското првенство Нови Сад во мај месец. Вториот дел ќе биде балканското првенство кое ќе се одржи во Истанбул на 24 и 25 март, на кое право на учество ќе имаат првите четири пласирани каратисти на државното првенство од секоја категорија.