ФК ПОБЕДА БЕЗ ПУБЛИКА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку одлуки, меѓу кои и најстрога за прилепската Победа. Клубот до крајот на 2025 година нема да може да игра домашни натпревари со присуство на публика.

Причината за ваквата санкција е инцидентот што се случи во саботата, по натпреварот од 12. коло на Втората лига. По повлекувањето на гостинската екипа во соблекувалната, еден навивач на Победа го скршил импровизираниот прозорец, но пред да настане поголем инцидент, бил спречен од полициски службеник.

Во соопштението на Дисциплинската комисија стои:

„ФК Победа се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра, поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот Победа – Шкендија Арачиново.“

Слични Објави