|

Празнична магија на плоштадот Магнолија – Лизгалиште, танци и музика

Настанот „Зимска приказна“ во Битола уште еднаш ја оживува магијата на празниците на Плоштадот Магнолија, започнувајќи ја празничната програма со прекрасно отворање. Четвртото издание на овој зимски фестивал беше свечено означено со отворањето на лизгалиштето, каде уметничките танци на мраз привлекоа внимание и восхит.

Стартот на програмата го означија балерини со уметнички танц на мраз, по што следуваше настапот на танцовиот спортски клуб „Експоуз“ од Битола и повеќе музички изненадувања.

Водител на настанот беше Мими Марковски, познат како „Мими со југото“, а посебна радост за најмладите беше Дедо Мраз.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ја најави прекрасната програма, во која битолчани ќе можат да уживаат на повеќе од 10 локации, се до 6 јануари. Програмата е поддржана од општина Битола.

Слични Објави