Повторно заматена реката што се влева во Прилепското Езеро
Реката што се влева во Прилепското Езеро повторно е забележана со изразено заматена со прашина од рудниците, покажува фотографијата објавена денеска на социјалните мрежи.
На фотографијата се гледа водотек со густо обоена, матна вода, што е спротивно на вообичаениот изглед на реката и укажува на можна појава на загадување или испуштање на таложни материи во коритото.
Овој водотек е директно поврзан со Прилепското Езеро, поради што секоја промена во квалитетот на водата претставува потенцијален ризик за екосистемот и за пошироката околина.
Граѓаните бараат надлежните итно да реагираат.




