Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја објави програмата за 2026 година

Прилеп – Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја објави својата богата програма за 2026 година, поддржана од Министерството за култура и туризам. Во фокусот се проекти од драмската, музичко-сценската, фолклорната, литературната и визуелната уметност, кои на хартија изгледаат одлично, но останува прашањето, Каде ќе се реализираат театарските претстави?



Драмска дејност

Љубителите на театарот ќе можат да ги проследат претставите:

  • „Животинска фарма“ – Џорџ Орвел, режија Ќендрим Ријани
  • „Девојките на Марко“ – според Боинг Боинг од Марк Комолети, адаптација и режија Синиша Ефтимов
  • „Саатот“ – Лидија М. Ѓорѓиевска, режија Кристина Димитрова
  • „Лет над кукавичјото гнездо“ – Кен Кеси, режија Ѓорѓи Ризески
  • „Ловец на р жта“ – според Џ.Д. Селинџер, режија Мартин Кочовски

Музичко-сценска дејност

Програмата вклучува и богата музичка понуда:

  • „Чембалото на европските дворови од XVII век“
  • Концерт на женскиот камерен хор „Керамија“
  • „Stefanijazz project“ – интимно музичко патување
  • „Мевлем“ – вечер на музика и поезија
  • „Сезоните на Чајковски“ – концерт на Trio Dolce
  • „Вечер на француски песни“ – глас и пијано

Фолклорна дејност

За љубителите на народната традиција, програмата нуди:

  • Концерт на Драган и Ратко Даутоски
  • „Со љубов за Прилеп“ – КУД „Пере Тошев“
  • Работа на КУД „Моминок“ – возрасни и подмладок
  • Вечер на староградска музика и песна „Звуците на градот“

Литература и издавачка дејност

  • Списанието „Стремеж“ продолжува да го афирмира писателското и уметничкото творештво во Прилеп.

Визуелна уметност, архитектура и дизајн

Програмата во оваа област вклучува изложби, колонии и работилници:

  • Интернационална ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“
  • Изложби на Ивана Темелкоска, Златко Крстевски, Сашо Ацковски, Ѓорѓи Десподов, Давид Атанасоски, Бојана Артинвоска, Филип Перески, Христијан Томан, Милица Алимпиќ Илиќ, Александра Ацеска и Александар Џинго
  • Работилница за мозаик со млади таленти „Мозаикот денес 2026“
  • Годишна изложба на ДЛУП и преземање на изложба по повод 80 години ДЛУМ

Центарот за култура „Марко Цепенков“ со оваа програма ја потврдува својата улога како главен културен центар во Прилеп и регионот, нудејќи содржини за љубителите на сите видови уметност и култура.

Слични Објави