|

Прилеп бара младински лидери – Отворен повик за Локалното Собрание на Млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање кандидати за членови на Локалното Собрание на Млади, со цел да се зајакне учеството на младите во процесите на донесување одлуки на локално ниво.



Станува збор за тело предвидено со Законот за младинско учество и младински политики, кое има улога да ги претставува интересите на младите и да биде нивен директен глас пред институциите на општината.

Право на учество имаат младински организации, организации за млади, ученички и студентски здруженија, политички подмладоци, како и други форми на младинско здружување кои делуваат на територијата на Општина Прилеп најмалку една година.

Секоја организација може да предложи еден делегат и еден заменик, кои треба да бидат жители на Општина Прилеп и на возраст од 15 до 29 години.

Избраните членови на Локалното Собрание на Млади ќе учествуваат и во изборот на Локалниот младински совет, преку тајно гласање, со што директно ќе влијаат врз креирањето на младинските политики во општината.

Пријавите се доставуваат во затворен плик до архивата на Општина Прилеп, со назнака „За Локално Собрание на Млади“, а рокот за аплицирање е осум дена од денот на објавување на повикот.

Повеќе информации за потребната документација и критериумите за избор се достапни на официјалната веб-страница на Општина Прилеп.

LINK – https://www.prilep.gov.mk/javen-povik-za-predlaganje-na-kandidati-za-chlenovi-na-lokalnoto-sobranie-na-mladi-na-opshtina-prilep-2/

Слични Објави