(видео) БАРЛАКОСКА: Нови паркови за миленици – чекор кон почист и поздрав Прилеп

Тања Барлакоска, доктор по ветеринарна медицина и кандидат за советник од редовите на СДСМ и Коалицијата, укажува дека загаденоста на јавните површини од домашните миленици и бездомните кучиња станува сериозен здравствен проблем во Прилеп.



„Според нашите проценки, дури 80% од јавните површини во градот се контаминирани со биолошки отпад од животни. Тоа значи дека парковите каде што се играат децата претставуваат потенцијална опасност за пренесување заразни и паразитарни заболувања“, вели Барлакоска.

Таа нагласува дека решението не е во санкции, туку во создавање услови и култура на одговорно сопствеништво.

Изградбата на нови, современи паркови за домашни миленици, со јасно дефинирани зони за шетање и слободно движење на кучињата, не е само хуман пристап кон животните – тоа е инвестиција во здравјето на граѓаните и во почиста животна средина“, додава Барлакоска.

Таа апелира до граѓаните и локалните власти да го препознаат значењето на овој проблем и да делуваат системски, со едукација, инфраструктура и редовна контрола на хигиената на јавните површини.

Слични Објави