| |

ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Битола распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

Локалното собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.                                                                                                 

Локалното собрание на млади објавува Јавен повик за кандидирање на членови за Локалниот младински совет на Општина Битола и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

Од редовите на Локалното собрание на млади се избира и изгласува тричлена комисија, составена од членовте на Локалното собрание на млади, која е одговорна за следење на целокупниот процес за изборот на членови на Локалниот младински совет.    

Членовите на Локалното собрание на млади не се ограничени од членување во Локалниот младински совет.

Членовите на Локалното собрание на млади имаат задача:

  • Да работат на спроведување на активностите на Собранието.
  • Да учествуваат во подготовка на документи.
  • Да изберат членови на Локалниот младински совет.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

∙ Да имаат активности на територијата на Општина Битола;

∙ Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;

∙ Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Битола и да се на возраст од 15 до 29 години;

Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е-маил: popovskan@bitola.gov.mk  или да ги поднесат во архивата на Општина Битола, Бул. „1-ви Мај“ бр.61 со ознака – „За јавен повик за формирање на Локално собрание за млади”.

Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-lsm/

Слични Објави