|

20 Ноември – Светски ден на детето

Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето

Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, што се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето. 

Сите деца и млади ги имаат истите права, имаат право на најголем можен степен на здравје, право на бесплатно основно образование, слободно да го искажуваат своето мислење и да бидат слушнати. Децата и младите имаат право на добро воспитување. Нивните родители или други воспитувачи не смеат да употребат сила, малтретирањето и злоупотребата се забранети. Децата и младите имаат право да добијат посебна помош и заштита во војна и при бегство. Децата и младите имаат право да бидат заштитени од експлоатирачка работа и сексуална злоупотреба. Тие имаат право да живеат со своите родители и да го одржуваат контактот со двата родитела, ако тие живеат одделно. Децата и младите што се хендикепирани имаат право на посебна поддршка и унапредување, како и активно учество во општествениот живот.

„Денешниот ден 20 ти Ноември познат како Светски ден на детето и ден на Конвенцијата за правата на детето, е можност секој  од нас да се потсети дека и тој го поминал периодот наречен детство но и да се запрашаме што реално успеавме да промениме во најдобар интерес на детето?  Овој ден нека биде поттик за сите кои работат со децата или во интерес на децата посериозно и пoпoсветено да продолжат со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата,  на начин што ќе ги вклучуваат во сите активности и ќе го слушаат и почитуваат нивното мислење, на што обврзува Конвенцијата за правата на детето.  На Светскиот ден на детето неизбежно е да истакнеме дека сите заедно треба да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата,особено за елиминирање на секој вид на насилство.Од круцијално значење за идните генерации е да се создаде амбиент на соживот, почитување на рзаличностите со цел создавање на општетсво во кое секое дете ќе знае дека дијалогот, а не насилството е основа за решавање на кој  било проблем.

Слични Објави