Лишен од слобода лекар поради примање поткуп од пациент

Вчера во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско.

Кај него биле пронајдени и одземени парите,(150 евра) кои претходно биле обележани. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.

Од Битолската клиничка болница велат дека го осудуваат ваквиот чин на лекарот и дека веќе е суспендиран од работа.

Слични Објави