Павлинче Матеска: Да го направиме Варош туристичка атракција
Независната кандидатка за градоначалничка на Прилеп, Павлинче Матеска, ќе одржи средба со граѓаните на Варош.
На настанот ќе се разговара за секојдневните проблеми на жителите, за тоа дали институциите досега одговорно ги извршувале своите должности, како и за можностите за подобрување на условите за живот.
Матеска ќе ги презентира и своите идеи за развој на Варош како уредена и препознатлива населба, со акцент на големиот број цркви и богатото културно-историско наследство.
Целта, како што потенцира, е Варош да стане вистинска туристичка атракција и гордост на градот.
03 октомври 2025 (петок)
18:00 часот
Амфитеатар Варош



