| |

Ехо преглед на каротиди за пациентите на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО)!



Денеска во Хоспис „Сју Рајдер“ во Битола официјално беше отворен нов Ехо кабинет за колор дуплекс доплер на каротиди, единствен ваков кабинет во Битолскиот регион. Оваа напредна медицинска метода e на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), овозможува навремено откривање и следење на состојбите на каротидните артерии – клучен фактор во превенцијата на мозочни удари и други васкуларни заболувања.

На свеченото отворање покрај градоначалникот на општина Битиола Тони Коњановски присуствуваше и Прим. д-р Ленче Нелоска, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“.

Со отворањето на новиот кабинет, значајно се унапредува здравствената заштита во регионот, овозможувајќи на пациентите побрза и подобра услуга со цел навремена дијагностика и ефикасна превенција.

Слични Објави