Најсреќните на Водици во Могила ќе добијат златен крст и подароци

На 19 јануари, православните верници ќе го прослават празникот Богојавление – Водици, при што крстови ќе се спуштат во водите на 16 населени места низ општината.

Во село Могила, централната церемонија ќе се одржи на реката Шемница. Најсреќниот верник што ќе го извади богојавленскиот крст ќе биде награден со:

  • Ваучер од 5000 денари,
  • Златен крст,
  • Вредносен ваучер од 15.000 денари од аптека Зегин.

Во останатите 15 населени места, победниците ќе добијат ваучери во износ од 5000 денари и златен крст како дел од наградите за нивното учество.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на овој значаен настан, кој носи духовна сила и обединува во заедничка молитва и радост.

Богојавление – Водици, еден од најзначајните православни празници, ја симболизира духовната чистота и крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.

Слични Објави