| |

Редовната комуникација со граѓаните è неопходна за буџетската транспарентност и отчетноста за домаќинското трошење на буџетските пари

Општина Новаци го започна процесот на изработка на нацрт буџетот за 2024 година.

Во практика, последниот квартал од годината општините (вообичаено) го користат за добивање предлози од граѓаните при креирањето на буџетот за следната година. Притоа, се користат различни форми на прибирање предлози, од непосредни средби со граѓаните кои ги води градоначалникот со неговиот тим, до организирање „буџетски форуми“, како структурирана форма за добивање предлози по секоја од програмите кои го сочинуваат општинскиот буџет.

Стевче Стевановски Градоначалник на Општина Новаци заедно со својот тим планирањето на буџетот за наредната година 2024 година го спроведува преку средби со жителите во сите населени места а исто така жителите од Новаци имаат можност своите предлози да ги испраќаат и електронски на следниот линк на веб сраната од општината

Како што пренесе градоначалникот Стевановски, првиот викенд од декември имал плодни дискуции на средбите со жителите на Далбеговци, Добромири, Горно, Долно Агларци и Живојно.

Најавени се средби во вторник 05.12.2023 година и ќе бидат посетени следните села:

-17:30 – Рибарци

-19:00 – Гермијан

– 20:00 – Бач. Секој жител е добредојден со своите предлози на овие средби

Планирани се и средби со жителите од Долно Орехово и мариовскиот крај исто така. Секое населено место ќе биде посетено, стои во објавата на градоначалникот Стевче Стевановски.

Останува жители што помасовно да земат учество на овие средби. Зато што редовната комуникација со граѓаните è неопходна за буџетската транспарентност и отчетноста за домаќинското трошење на буџетските пари.

Слични Објави