|

Награда за финансиско знаење – ученици од Прилеп втори во Европа

Во кабинетот на градоначалникот Борче Јовчески се одржа средба со учениците Марин Христоски и Алексеј Миќковски од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп, нивната менторка Соња Јорданоска и директорката на училиштето.

Повод за средбата беше освоеното второ место на Европскиот квиз на парите, кој неодамна се одржа во Брисел. Натпреварот е дел од Европската недела на парите и има за цел унапредување на финансиската писменост кај младите. Оваа година на натпреварот учествуваа претставници од 30 европски земји.

Христоски и Миќковски ја претставуваа Македонија како национални победници и со тоа имаа можност да го претстават своето училиште и државата на европско ниво. Во текот на натпреварот, учениците покажаа солидно познавање од областа на финансиското образование и работеа во тимска атмосфера.

Градоначалникот им честиташе за постигнатиот резултат и ја истакна важноста од поддршка на младите во нивното образование. Тој најави дека Општината ќе продолжи со активности кои имаат за цел да ги поттикнат учениците и наставниците да се вклучуваат во проекти од ваков карактер.

Слични Објави