Матурантите го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Преку 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Испитот е задолжителен за сите ученици во завршна година од средното образование.

Според Државниот испитен центар (ДИЦ), пријавени се 15.004 ученици, од кои 8.816 се од стручни училишта, 5.966 од гимназии и 222 од уметнички училишта. За македонски јазик се пријавени 9.969 ученици, за албански 4.339, за турски 292 и за српски јазик 10 ученици.

Следниот екстерен испит, кој е изборен, ќе се одржи на 11 јуни. Најмногу ученици ќе полагаат англиски јазик – 13.457. За останатите предмети се пријавени 1.246 ученици за математика, 73 за германски јазик, 24 за француски, 62 за естетика, 7 за филозофија, 4 за руски и 3 за италијански јазик.

Испитите се спроведуваат во училишта кои ги исполнуваат условите согласно правилникот, а таму каде што тие недостасуваат – во факултетски амфитеатри. За надгледување се ангажирани околу 2.000 тестатори.

Матурантите кои нема да ја положат матурата сега ќе имаат можност повторно да полагаат во август – на 12 август за мајчин јазик, и на 14 август за изборниот предмет.

Слични Објави