На запад поројни дождови уште денес, во четврток нестабилност во целата земја

Македонија ја очекува нестабилен период со врнежи, грмежи и засилен ветер, особено кон крајот на неделата. Според најавите од метеоролозите, уште денес (вторник, 27 мај) се очекува развој на конвективни облаци во западните предели, кои попладнево ќе донесат пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.

Температурите денес ќе се движат во интервал од 19 до 26 степени Целзиусови. Во четврток, како резултат на нестабилното време, ќе има благ пад на температурите. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 17 и 23 степени.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење на отворено, особено во попладневните часови, кога се очекува зголемена нестабилност со електрични празнења и интензивни врнежи.

Слични Објави